21.8 C
Skopje
сабота, јули 17, 2021

Oдеше на редовни прегледи, резултатите беа одлични, но туморот порасна: Апелирам до жените да се грижат за ОВА

data-full-width-responsive="true">

Наставничката првпат ги почувствувала симптомите во јуни 2020 година, но верувала дека станува збор за бактериска инфекција.

Дона Бредбери (37) е наставничка и мајка на три деца и покрај тоа што никогаш не пропуштила редовни гинеколошки прегледи и потребни анализи, резултатите биле секогаш нормални, но ужасната дијагноза не ја заобиколила.

Кога започнала да уринира тромби, лекарот претпоставил дека станува збор за инфекција и ја советувал да зема антибиотици. Не ни сонуваше дека станува збор за рак, така што еден месец по интимната врска почувствува неподнослива болка проследена со крварење. Таа беше советувана да почека до следниот тест, сепак, таа не сакаше по никоја цена да ризикува, пренесува „Сан“.

Била подложена на колпоскопија и дознала дека има шест сантиметри тумор во грлото на матката, веројатно една година. Биопсијата покажа дека станува збор за редок вид на рак, кој често не се гледа при анализата.

– Никогаш не го пропуштив тестот ПАПА и резултатите беа секогаш добри. Сега знам дека се тестира само на ХПВ, што значи дека два до три проценти од жените кои добиваат нормални резултати мислат дека немаат рак, како мене. Тие не најдоа ништо на ултразвукот и брисевите, а во мене растеше тумор со големина од шест сантиметри и никој не го забележа – рече Дона.

Наставничката првпат ги почувствувала симптомите во јуни 2020 година, но верувала дека станува збор за бактериска инфекција. Кога болката и крварењето стивнаа, таа отиде на ултразвук, сепак, резултатот беше нормален.

– Осветлувањето во собата беше чудно и знаев дека нешто не е во ред, но зборував за работата и децата. После тоа, ја прашав докторката дали треба да се грижам за нешто, а таа ми одговори: „Да, имате рак на грлото на матката“. Поцрне пред моите очи, почнав да плачам и ја прашав уште колку ќе живеам – откри Дона.

Првично негираше дека е болна, а парот подоцна им соопшти на постарите синови за дијагнозата.

– Се обидов да не покажувам страв пред децата. Тие се сè за мене и ме извлекоа. Бев збунетa и се надевав дека тоа е рак во рана фаза, бидејќи моите тестови за ПАПА беа секогаш чисти и без знаци на ХПВ. Повторно се јавивме на лекар за да се увериме дека дијагнозата е точна, што ни беше и потврдено – рече таа.

Истата недела, Дона дозна дека ракот не се проширил. Тестовите покажаа дека и е потребна хемотерапија, радиотерапија и брахитерапија.

– Јас дури и не знаев што е хемотерапија, и кога пристигна во проводна ќеса, почнав да плачам. Јас ретко земам лекови, дури и парацетамол, така што ова беше ново искуство за мене, пумпање лекови и хемикалии. Почнав со зрачење истиот ден. На крајот на првата недела, се чувствував како да нема да издржам. Расположението ми беше страшно, а емоциите расфрлани – призна таа.

Подоцна добила зрачен цистит и едвај се движела четири недели. Нејзиното одење беше неподносливо и плачеше од болка додека лежеше и седеше.

– Сфатив во главата дека морам да одам од ден во ден и не ги планирам работите однапред затоа што почнав да верувам дека болката ќе трае вечно – истакна Дона.

На крајот од хемотерапијата, таа започна со брахитерапија, внатрешно зрачење, што беше најлесниот дел од нејзиниот третман. На почетокот на март, таа на социјалните мрежи откри дека повеќе нема рак, а сега ја подигнува свеста за рак на грлото на матката што не е поврзана со ХПВ.

– Да не инсистирав да одам на лекар и само да чекав, работите ќе беа многу поразлични. Нормален PAPA тест не значи дека немате рак на грлото на матката. Апелирам до жените да не чекаат ако забележат симптоми и веднаш да одат на преглед – заклучи таа.

data-full-width-responsive="true">

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

За прв пат ќе гледате ВАКВО ДИСКО: Гостите имаат право само на едно ЧУДНО нешто поради – корона вирусот

Ноќните клубови и дискотеките во Грција, без разлика дали се од отворен или затворен тип, ќе работат само за вакцинираните и за оние кои...
- Advertisement -

Порака која ќе ве трогне “Ракот не ми пречи. Пак сум принцеза!” Тоа е поpakaта на 17 годишна

17 годишно девојче, болно од раk со силна порака по загубата на својата коса: “Ракот не ми пречи. Пак сум принцеза!” Тоа е поpakaта на...

МНР: Во досега невидените поплави во Германија има многу загинати и исчезнати лица, а огромни се и материјалните штети, но нема македонски државјани...

Министерството за надворешни работи соопшти дека со загриженост ги следи состојбите со поплавите во Западна Европа. Според информациите на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во погодените...

Катастрофа пред ЛОИ: Исчезна олимпиец – СЕ СТРАВУВА за него, ова се деталите

Олимпиецот од Уганда, Јулиус Ссекителеко, исчезна денес во западна Јапонија. Според бројни извештаи во медиумите, кревачот на тегови тренирал како дел од деветчлен тим...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Content is protected !!