25.8 C
Skopje
понеделник, септември 27, 2021

ретседателот на САД, Џо Бајден >Нашите земји ги обединуваат семејните и историските врски

Претседателот на САД, Џо Бајден, по повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, упати честитка до претседателот, Стево Пендаровски во која се нагласува дека САД остануваат силни и непоколебливи поддржувачи на Македонија. Еве ја во целост честитката на Бајден.

„Почитуван господине претседател,

Во име на американскиот народ, го честитам денот на независноста на Северна Македонија. Одбележувајќи ја оваа прилика, ние исто така ја одбележуваме 25–годишнината од нашите дипломатски односи и силното пријателство меѓу нашите две нации. Нашите земји ги обединуваат семејните и историските врски, како и нашите заеднички демократски вредности и посветеност на човековите права. Нашето партнерство ќе продолжи да им користи на нашите народи во годините што доаѓаат.

Со гордост ја поздравивме Северна Македонија како 30-ти сојузник на НАТО минатата година, признавајќи дека Вашата земја даде витален придонес за безбедноста и стабилноста на регионот долго пред таа да се приклучи на Алијансата. Ви благодариме што оваа година бевте домаќин на мултинационалната вежба ‘Решителен удар 21’ во Центарот за воена обука ‘Криволак’ и што повторно ги покажавте водечките капацитети и подготвеноста на Северна Македонија.

Како што Вашата земја продолжува да напредува – зголемување на просперитетот за сите Ваши граѓани, подобрување на владеењето на правото, зајакнување на вашите демократски институции – САД остануваат ваши силни и непоколебливи поддржувачи.

Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Северна Македонија на патот на спроведувањето на реформите што ќе ја обезбедат европската иднина на Вашата земја, вклучително и пристапувањето во Европската унија.

Ви посакувам безбеден и среќен Ден на независноста и Ви благодарам за Вашето долгогодишно пријателство.

Со почит,

Џозеф Р. Бајден – јуниор“, се вели во честитката.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Илијев на средба со луѓе кои дале придонес во развојот на Кочани

Средба со луѓе кои дале придонес во развојот на Кочани, на која разменивме мислења за реализираните проекти во изминативе четири години и идеи за...
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ со лажна анкета во Штип за водство на Иван Јорданов

ВМРО-ДПМНЕ со лажна анкета во Штип за водство на Иван Јорданов. Анкета направена во "Microsoft Excel" и претставено лажно истражување се шири на социјалните мрежи...

Анастасов – Ладич: Завршено е поплочувањето на седум улици во Маричанска населба

✅ Завршено е поплочувањето на седум улици во Маричанска населба со вкупна должина над 600 метри. ➡️ Општина Пробиштип за овој проект распиша јавна набавка...

Свети Николе добива нова противпожарна станица (ФОТО)

Во полн ек се одвиваат градежните активности околу изградбата на новата противпожарна станица во нашето Свети Николе. Нашата општина за прв пат добива нова, модерна...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Content is protected !!