30.8 C
Skopje
понеделник, септември 27, 2021

ПОРТОКАЛОВА ФАЗА, КОЛАПСИ НА УЛИЦА, МОЗОЧНИ УДАРИ, ИНФАРКТИ: Брзата помош интервенира и до 100 пати за 24 часа, топлиот бран критичен за хроничните болни

Во моментов Македонија е во алертна портокалова фаза, проследена со исклучително високи температури кои ја креваат живата на термометрот и до 43 степени. Ваквите временски услови според лекарите се исклучително опасна за хроничните болни. Во разговор за Фактор, д-р Милица Бубало, раководителката на Итната медицинска помош при Здравствен дом Скопјевели дека телефоните буквално не престануваат да ѕвонат, а екипите на Брзата помош реализираат од 80 до 100 покани за само 24 часа.

-Најчести повици доаѓаат од граѓаните кои патат од хронични заболувања. Тоа се пациенти со ХОББ-хронично опструктивна белодробна болест, астма, луѓе со хипертензии, односно оние кои патат од висок крвен притисок. Ним прво им советуваме да ја земат соодветната терапија, но доколку тоа не помогне, интервенира екипата на Итната медицинска помош. Она што не може да чека се акутните состојби како што се инфарктите, мозочните удари и секако карактеристично за овој исклучително топол период се колапсите. Имаме повици за колапси буквално на улица. Се случува да имаме од 8 до 10 вакви состојби дневно. Причина за тоа е огромната тепературна разлика. Од затворен простор каде што температурата е 20-тина степени, на пеколно сонце, каде што температурата надминува 40 степени луѓето дожививаат температурен шок и колабираат. Ова е посебно опасно за повозрасните граѓани и за бебињата. Но секако треба да се знае дека и помладите, и луѓето во средните години може да се случи да колабираат поради огромната температурна разлика која ја доживуваат за многу кратко време. 10-тина степени е најголемата разлика што треба да постои. Значи ако е надвор 40 степени, во домовите, канцелариите треба да е 30-тина степени, и да постои период на аклиматизација пред да се излезе надвор. Телото полека да се приспособи на многу повисока температура, посочува д-р Бубало.

Раководителката на Итната медицинска помош појаснува и дека акипите интервенираат и поради зголемен број сообраќајни незгоди.

-Имаме и ситуации кога и во возење се случуваат црцеви или мозочни удари заради што настануваат сообраќајните незгоди, па екипата на Брзата помош стигнува по само неколку минути од повикот. Тоа се оние ситуации кога нема чекање и кога мора веднаш да се интервенира. Но, во услови кога сме малку разретчени заради годишните одмори, а вработените во Итната медицинска помош, ги користат дури сега, по година и пол, од 2019, генерално се обидуваме да им дадеме совети на граѓаните кои се јавуваат заради повраќања и диареја.

Ги упатуваме да се јават и кај нивните матични лекари, зошто тоа се ситуации кои може да се решат успешно и без да интервенира екипата на брзата помош. Со само пет екипи дневна и пет екипи ноќна смена гледаме да стигнеме при повици заради пад од скелиња, колапси, како што веќе напоменав и акутните состојби при мозочни удари и инфаркти, и секако да стигнеме кај хроничните болни, вели д-р Бубало.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Илијев на средба со луѓе кои дале придонес во развојот на Кочани

Средба со луѓе кои дале придонес во развојот на Кочани, на која разменивме мислења за реализираните проекти во изминативе четири години и идеи за...
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ со лажна анкета во Штип за водство на Иван Јорданов

ВМРО-ДПМНЕ со лажна анкета во Штип за водство на Иван Јорданов. Анкета направена во "Microsoft Excel" и претставено лажно истражување се шири на социјалните мрежи...

Анастасов – Ладич: Завршено е поплочувањето на седум улици во Маричанска населба

✅ Завршено е поплочувањето на седум улици во Маричанска населба со вкупна должина над 600 метри. ➡️ Општина Пробиштип за овој проект распиша јавна набавка...

Свети Николе добива нова противпожарна станица (ФОТО)

Во полн ек се одвиваат градежните активности околу изградбата на новата противпожарна станица во нашето Свети Николе. Нашата општина за прв пат добива нова, модерна...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Content is protected !!