13.8 C
Skopje
вторник, јуни 15, 2021

Kрајот на Трампизмот

data-full-width-responsive="true">

Политичкото самоубиство на Трамп – крајот на Трампизмот

Со настаните на 6-ти јануари Доналд Трамп изврши политичко самоубиство и и нанесе големи штети на Републиканската партија. Доналд Трамп покажа дека е шоумен, а не револуционер. Трамп исто така докажа дека не е претседател со цврсти ставови. Трамп ги издаде своите поддржувачи и следбеници, ја издаде земјата, и на крајот се издаде самиот себе
– До 6-ти јануари и „Маршот за Трамп“ Трамп имаше огромни шанси да стане кандидат на претседателските избори во 2024 година од Републиканската Партија и покрај поразот на изборите во 2020 година. Зад себе имаше скоро 74 милиони гласачи. Растечка популарност помеѓу малцинствата, на изборите во 2020 година за Трамп гласаа двојно повеќе афроамериканци и латиноси за разлика од 2016
Потполно здрав, полн со сила и харизма и зад себе имаше моќна медиумска поддршка и ја имаше легендата за украдените избори. Зад себе ја имаше приказната дека за време на неговиот мандат економијата на САД беше во подем, и дека невработеноста беше на историско најниско ниво

– и покрај поразот на изборите на 3-ти ноември Трампизмот беше во подем во САД и ширум светот. После настаните на 6-ти јануари истиот ќе биде систематски срушен во САД
– Трамп долго време изјавуваше дека 6-ти јануари е Денот Д за тој и Републиканците да докажат дека претседателските избори се украдени. Најголем дел од Републиканската партија и сенаторите застанаа зад Трамп. Но со својот говор на 6-ти јануари на собирот, Трамп ги потикна своите следбеници и подржувачките на Републиканците на непотребното влегување во Конгресот. Со тоа Трамп ја нокаутираше Републиканската партија која што сега ќе се најде на удар и на јавноста и на целиот систем во САД
– Трамп во својот говор после хаосот во Конгресот, откако претходно ги потикна своите следбеници, подоцна ги обвини, и најави дека сите ќе бидат казнети и ќе платат. Истовремено изјави дека транзицијата на власта ќе се одвива нормално, и дека ги признава резултатите од изборите.

„Воопшто не се согласувам со резултатите од изборите и фактите се на моја страна, но на 20 јануари ќе има мирен трансфер на власта. Ова е крај на најголемиот прв мандат во историјата на претседателството, ова е само почеток на нашата битка за враќање на Америка во нејзината поранешна величина“, Доналд Трамп. Трамп исто така најави дека нема да учествува на инагурацијата на Џо Бајден на 20-ти јануари

– на Трамп му се заканува импичмент според 25 амандман од Уставот на САД, како и кривично гонење. Постапката за импичмент е започната од страна на Демократската партија
– Профилите на Трамп на Twitter и Facebook се блокирани засекогаш. На Twitter Трамп имаше повеќе од 80 милиони следбеници. Инстаграм исто така го блокираше Трамп. ИТ гигантите ја започнаа борбата против Трамп и Републиканците. Блокирани се некои и од неговите најблиски соработници. Блокирана е и социјалната мрежа Parler која што важеше за пристаниште за конзервативците во САД
– почнаа оставките во сеуште актуелната претседателска администрација на Трамп. Од Трамп исто се откажуваат и голем број негови следбеници, како и влијателни фигури во Републиканската партија

Дарко Тодоровски

data-full-width-responsive="true">

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Венко само што објави, на ден пред укинување на полициски – бројките на позитивни не се намалува

Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-19 од: • Скопје – 9 • Кичево – 5 • Куманово...
- Advertisement -

ОВА ќе и се допадне на цела Македонија: УЕФА се огласи за Аранутовиќ – еве што го очекува

Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе ги испита тврдењата дека австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ на национална основа го навредил македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски. Фудбалскиот сојуз на...

ВИДЕО: Мерко без влакна на јазикот кон новинарка: Неписмена си

Aкцијата за рушење на дивоградби во Струга, Мерко кој патем се обиде и да ги избегне камерите и кој 3 години тврдеше дека нема...

После два дена, се ОГЛАСИ и Алиоски – ЕВЕ што порача за Арнаутовиќ, сега на потег е УЕФА

На денешната прес-конференција Езгјан Алиоски даде свое гледиште на ситуацијата со Арнаутовиќ. УЕФА денеска покрена постапка против Марко Арнаутовиќ кој наместо да прослави нормално,...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Content is protected !!