30.8 C
Skopje
понеделник, септември 27, 2021

Отворен оган од страна на американската војска на аеродромот во Кабул – причината е предупредувачка

Американската војска отвори предупредувачки оган во воздух откако на аеродромот во Кабул се појавила група луѓе на пистата за полетување, кои се обидуваат да побегнат од Авганистан.

Претходно, телевизијата Ал Џезира објави дека аеродромот во Кабул е во хаос поради интензивните летови со хеликоптери кои ги пренесуваат припадниците на дипломатските мисии во Авганистан. Телевизијата информира дека околу влезот на единствениот аеродром во главниот град се собираат огромни групи „граѓани кои се обидуваат да избегаат од Талибанците“.

Претходно, во соопштението, американскиот Стејт департмент вети американската војска ќе ја обезбеди безбедноста на аеродромот во Кабул. Амбасадата на Вашингтон во Авганистан е целосно евакуирана.

– Целиот персонал на амбасадата се наоѓа во просториите на меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“, чиј периметар го обезбедува американската војска, изјави портпаролот Нед Прајс неколку часа откако Талибанците ја презедоа контролата врз Кабул.

По влошувањето на безбедноста состојба во Авганистан, таму сè уште има околу 100 наши државјани, но засега, како што информираше вчера Министерството за надворешни работи, сите се на безбедни локации.

Од МНР велат дека будно се следи ситуацијата и оти некои држави веќе изразиле подготвеност при евентуални организирани летови за евакуација да бидат опфатени и македонските државјани.

Според последните информации на МНР, компаниите кои ги ангажираат работниците, не се соочуваат со потешкотии и имаат резервирано сопствени летови за евакуација на нивните работници, а дел од нив веќе се префрлени во некои од соседните земји и нивниот трансфер дома не е спорен.

На дежурните телефони во МНР се јавиле неколку граѓани кои имаат роднини или пријатели во Авганистан и се интересирале за состојбата таму, но не побарале асистенција за нивно извлекување.

– Од вчерашната инструкција на нашата дипломатска мрежа за контакт со соодветните министерства за надворешни работи во земјите на нивно покривање, денес дел од амбасадите и конзулатите веќе се стапени во контакт и некои од пријателските земји изразија подготвеност при евентуални организирани летови за евакуација да бидат на располагање и за граѓаните на Република Северна Македонија, наведе МНР во соопштение.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, остварил контакт со неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу од кого добил уверување дека доколку има потреба ќе помогнат при извлегување на македонските државјани од Авганистан.

– Со оглед дека Република Турција има широко дипломатско и логистичко присуство во Кабул, побарав евентуална асистенција доколку се појави потреба за извлекување и на нашите граѓани таму. Добив уверување од колегата Чавушоглу дека нивното присуство во Кабул е стабилно, дека располагаат со доволно логистички капацитет за трансфер на нивните граѓани и дека ќе имаат предвид, доколку се појави потреба, да помогнат и при извлекување на наши граѓани, напиша Османи на Facebook.

Извор: Кајгана

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Илијев на средба со луѓе кои дале придонес во развојот на Кочани

Средба со луѓе кои дале придонес во развојот на Кочани, на која разменивме мислења за реализираните проекти во изминативе четири години и идеи за...
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ со лажна анкета во Штип за водство на Иван Јорданов

ВМРО-ДПМНЕ со лажна анкета во Штип за водство на Иван Јорданов. Анкета направена во "Microsoft Excel" и претставено лажно истражување се шири на социјалните мрежи...

Анастасов – Ладич: Завршено е поплочувањето на седум улици во Маричанска населба

✅ Завршено е поплочувањето на седум улици во Маричанска населба со вкупна должина над 600 метри. ➡️ Општина Пробиштип за овој проект распиша јавна набавка...

Свети Николе добива нова противпожарна станица (ФОТО)

Во полн ек се одвиваат градежните активности околу изградбата на новата противпожарна станица во нашето Свети Николе. Нашата општина за прв пат добива нова, модерна...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Content is protected !!