30.8 C
Skopje
понеделник, септември 27, 2021

Нано Ружин: Бајден ќе ја врати моќта на Америка на Балканот

Бајден во балканскиот лонец: „Америка ке се врати на меѓународната сцена“ е слоганот кој во хор го повторуваат европските политичари и аналитичари во Берлин, Париз и Брисел. Америка ќе се врати и на Балканот, што е сосема очекувано, бидејќи од епохата на претседателот Клинтон, САД беа интензивно присутни во регионот. Меѓутоа во Западен Балкан останаа повеќе недовршени досиеја, како што се БиХ, дијалогот Приштина-Белград, а еве сега се наметнува и билатералниот спор меѓу Скопје и Софија.

Во мандатот на Трамп во Северна Македонија се случија големите пресврти и падот на популистичкиот режим на Груевски, како и упадот на толпата во Собранието.

Американската амбасада, како и дипломатите Брајан Хојт Ји и Метју Палмер одиграа важна улога во зачувувањето на стабилноста и надминувањето на популитичкиот илиберален режим на Груевски. Администрацијата на Трамп со извесен епизоден пресврт се обиде да ги измири и Белград и Приштина, но вистинските ефекти во изборната година не вродија со плод. Кога во администрацијата фигурираат личности кои поседуваат детални познавања на регионот, како Џон Кери, Николас Барнс, па и самиот Бајден, евидентно е дека значително ќе се зголеми американското присуство во Западен Балкан.

Нема сомнение дека Бајден радикално ќе прекине со непредвидливата и индиферентна дипломатија на Трамп и отсуството на пермаменетноста во надворешно-политичката стратегија. Основите на американската дипломатија на Балканот се солидно анкерирани и добро познати. Триесет години САД преку своите претседатели од демократите и републиканците играа значајна улога на Балканот, ги афирмираа правилата, учествуваа во изнаоѓање на мировните решенија, но покажуваа и манифестираа ударна воена сила во БиХ, во Србија и на Косово, со цел да воспостават една колективна регионална сигурност и просперитет.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Илијев на средба со луѓе кои дале придонес во развојот на Кочани

Средба со луѓе кои дале придонес во развојот на Кочани, на која разменивме мислења за реализираните проекти во изминативе четири години и идеи за...
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ со лажна анкета во Штип за водство на Иван Јорданов

ВМРО-ДПМНЕ со лажна анкета во Штип за водство на Иван Јорданов. Анкета направена во "Microsoft Excel" и претставено лажно истражување се шири на социјалните мрежи...

Анастасов – Ладич: Завршено е поплочувањето на седум улици во Маричанска населба

✅ Завршено е поплочувањето на седум улици во Маричанска населба со вкупна должина над 600 метри. ➡️ Општина Пробиштип за овој проект распиша јавна набавка...

Свети Николе добива нова противпожарна станица (ФОТО)

Во полн ек се одвиваат градежните активности околу изградбата на новата противпожарна станица во нашето Свети Николе. Нашата општина за прв пат добива нова, модерна...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Content is protected !!