30.8 C
Skopje
понеделник, септември 27, 2021

Максим со одговор до премиерот: Во едно се согласуваме со господинот Заев

Со реакција се огласи и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски по денешната изјава на претседателот на СДСМ Зоран Заев дека ќе биде исклучен на следната седница на Централниот одбор. Димитриевски прашува како може раководствоот на партијата однапред да ја знае одлуката на Централниот одбор.

„Денешниот став на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дека ќе бидам исклучен на следната седница на Централниот одбор на партијата докажува дека вчерашниот став на секретарот Николовски дека сум се самоисклучил не е вистина, и го потврдува мојот став дека формално правно сум сеуште член на СДСМ.

Вистинските социјалдемократи секогаш ја говорат вистината и не се служат со манипулации и инсинуации. Прашувам како однапред раководството на СДСМ можело да ги предвиди одлуките на Централниот одбор пред тие да бидат донесени.

Дали за ваква внатрепартиска демократија се боревме? Јас нема да дозволам во моето општествено делување демократијата да биде само формална, туку така ќе
биде практикувана и во реалност. Како и да се произнесат партиските органи, јас по убедување бев, сум и ќе бидам социјалдемократ и тврдам дека евентуалната одлука за исклучување е плод на желбите и суетите на поединци на раководството на СДСМ.

Како инаку би го објасниле фактот дека стотици членови, активисти и симпатизери ја потпишаа граѓанската иницијатива за моја кандидатура. Зарем и нив ќе ги исклучат?

Во едно се сложуваме со господинот Заев. Кумановчани знаат што е најдобро за нив, и сигурен сум дека на 17 октомври тоа јасно ќе го покажат поддржувајќи ја граѓанската иницијатива “За Наше Куманово” со имплементирање на реална демократија во пракса.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Илијев на средба со луѓе кои дале придонес во развојот на Кочани

Средба со луѓе кои дале придонес во развојот на Кочани, на која разменивме мислења за реализираните проекти во изминативе четири години и идеи за...
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ со лажна анкета во Штип за водство на Иван Јорданов

ВМРО-ДПМНЕ со лажна анкета во Штип за водство на Иван Јорданов. Анкета направена во "Microsoft Excel" и претставено лажно истражување се шири на социјалните мрежи...

Анастасов – Ладич: Завршено е поплочувањето на седум улици во Маричанска населба

✅ Завршено е поплочувањето на седум улици во Маричанска населба со вкупна должина над 600 метри. ➡️ Општина Пробиштип за овој проект распиша јавна набавка...

Свети Николе добива нова противпожарна станица (ФОТО)

Во полн ек се одвиваат градежните активности околу изградбата на новата противпожарна станица во нашето Свети Николе. Нашата општина за прв пат добива нова, модерна...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Content is protected !!