21.8 C
Skopje
сабота, јули 17, 2021

Како гром од ведро небо, ги зачуди сите – ЗАЕВ кажа кога ќе се ПОВЛЕЧЕ од политиката

data-full-width-responsive="true">

За српски „Курир“, премиерот Зоран Заев раскажуваше за животната приказна. Тој за српскиот медиум раскажа дека продавал овошје и зеленчук, односно лубеници, домати и пиперки на пазарот во Горњи Милановац и дека првите милиони му се токму од Србија.

„Првата голема заработувачка 2,4 милиони марки е од црвени пиперки кој го сушевме во Струмица, и му го дадовме на Хоргош за производство на сушен црвен пипер. Во Суботица во 2001 година преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. И падна договор, профитот беше 2,4 милиони марки. Со тие пари купивме циглана“, рече Заев.

Тој додаде дека капиталот бил создаден на пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики.

„И син ми и ќерка ми знаат дека капиталот е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики. И сега нека ми каже некој српски политичар дека Заев има резерви кон Србија“, истакнал тој.

Премиерот Зоран Заев најавува дека од политиката ќе се повлече за три години. Тој во интервју за српски Курир изјави дека еден премиер на функција треба да остане најмногу до два мандати. Во спротивно, според него, постои ризик премиерот да стане автократ.

-Секаде е тоа ризик, но особено на Балканот. Здраво е секогаш да доаѓаат нови луѓе. Сега сум во вториот мандат, кој би требало да заврши до 2024, и верувам дека тогаш и ќе го завршам. Тогаш ќе се вратам во нашата компанија, повторно да работам комерцијално. Најмногу се каам веројатно што во политиката влегов така, на прва. Кај нас старите луѓе велат: „Бегај подалеку од политика и мотика“. А јас со мотика дојдов во политика.

Катастрофа. Но во таа доба беше семејна обврска да се влезе во политика. И тогаш заглавив во неа. Политиката е како порок – тешко е да влезеш и да излезеш. Но, секако, голема чест е да се биде премиер на својата земја – рече Заев.

data-full-width-responsive="true">

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

За прв пат ќе гледате ВАКВО ДИСКО: Гостите имаат право само на едно ЧУДНО нешто поради – корона вирусот

Ноќните клубови и дискотеките во Грција, без разлика дали се од отворен или затворен тип, ќе работат само за вакцинираните и за оние кои...
- Advertisement -

Порака која ќе ве трогне “Ракот не ми пречи. Пак сум принцеза!” Тоа е поpakaта на 17 годишна

17 годишно девојче, болно од раk со силна порака по загубата на својата коса: “Ракот не ми пречи. Пак сум принцеза!” Тоа е поpakaта на...

МНР: Во досега невидените поплави во Германија има многу загинати и исчезнати лица, а огромни се и материјалните штети, но нема македонски државјани...

Министерството за надворешни работи соопшти дека со загриженост ги следи состојбите со поплавите во Западна Европа. Според информациите на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во погодените...

Катастрофа пред ЛОИ: Исчезна олимпиец – СЕ СТРАВУВА за него, ова се деталите

Олимпиецот од Уганда, Јулиус Ссекителеко, исчезна денес во западна Јапонија. Според бројни извештаи во медиумите, кревачот на тегови тренирал како дел од деветчлен тим...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Content is protected !!