30.8 C
Skopje
понеделник, септември 27, 2021

Захариева: Бугарија со месеци предлага заседание

Имаме сериозни контакти на оваа тема. Се обидуваме да подготвиме предлог протокол на комисијата. Во неа има конкретни работи – историската комисија, да не се дозволи еднострана одлука за прекин на работата на комисијата, за бизнисот, културата, образованието, одбраната, говорот на омраза.

Бугарија со месеци предлага да се одржи средба на меѓувладината комисија со Република Северна Македонија за да се направи сериозна анализа на ситуацијата, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за Бугарското национално радио (БНР).

– Имаме сериозни контакти на оваа тема. Се обидуваме да подготвиме предлог протокол на комисијата. Во неа има конкретни работи – историската комисија, да не се дозволи еднострана одлука за прекин на работата на комисијата, за бизнисот, културата, образованието, одбраната, говорот на омраза. Предложивме да се посочат конкретни органи, кои ќе реагираат, кога ќе биде потребно за намалување на говорот на омраза – вели Захариева.

Захариева се осврнува и на руското влијание на Западниот Балкан, при што оценува дека некои од земјите кандидати за членство во ЕУ од регионот се многу малку усогласени со заедничката надворешна политика на ЕУ кон Русија, како резултат на влијанието на Москва врз нив.

– Северна Македонија е една од овие земји, со исклучително низок процент, под 50 отсто на усогласеност со заедничката надворешна политика на ЕУ. Србија, исто така, е една од оние земји со помал процент, но не толку низок како Република Северна Македонија – тврди Захариева, посочувајќи дека Албанија има прилично висока стапка на усогласеност во областа на надворешната политика со ЕУ.

Захариева оценува дека е важно овие земји да се реформираат и да одлучат дали ќе бидат сојузници на НАТО и дали ќе бидат членки на ЕУ, а не еден од нејзините соседи.

– Во интерес на Бугарија е Северна Македонија да оди по патот на зачленување (во ЕУ), но да биде искрена и не само со зборови. Се обидуваме да ги намалиме тензиите – изјави Захариева за БНР.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Илијев на средба со луѓе кои дале придонес во развојот на Кочани

Средба со луѓе кои дале придонес во развојот на Кочани, на која разменивме мислења за реализираните проекти во изминативе четири години и идеи за...
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ со лажна анкета во Штип за водство на Иван Јорданов

ВМРО-ДПМНЕ со лажна анкета во Штип за водство на Иван Јорданов. Анкета направена во "Microsoft Excel" и претставено лажно истражување се шири на социјалните мрежи...

Анастасов – Ладич: Завршено е поплочувањето на седум улици во Маричанска населба

✅ Завршено е поплочувањето на седум улици во Маричанска населба со вкупна должина над 600 метри. ➡️ Општина Пробиштип за овој проект распиша јавна набавка...

Свети Николе добива нова противпожарна станица (ФОТО)

Во полн ек се одвиваат градежните активности околу изградбата на новата противпожарна станица во нашето Свети Николе. Нашата општина за прв пат добива нова, модерна...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Content is protected !!