25.8 C
Skopje
понеделник, септември 27, 2021

Д. Тодоровски:Новата надворешна политика на САД под водство на Бајден

Новата надворешна политика на САД под водство на Бајден
Под водство на искусниот Џо Бајден, како и неговиот огромен тим соработници за надворешни работи, САД повторно ќе се вратат кон спроведување на систематска, унифицирана, и јасна надворешна политика, преку создавање на нови сојузи, пред се во Азија и Индо-Пацификот, како и зајакнување на врските со старите сојузници, кои што во времето на претседателот во заминување Трамп беа сериозно нарушени и ослабнати. Победата на Бајден со олеснување беше дочекана помеѓу сојузниците на САД, пред се од страна на водечките НАТО и европски држави, и азиските држави сојузници на САД. Фразата на Трамп „Америка на прво место“ во надворешната политика заминува во историјата, под водство на Бајден САД ќе сакаат да го обноват глобалното водство преку мултиполарната надворешна политика. Бајден со засилено темпо ќе ја продолжи неолибералната политика на ширење на глобализацијата и поддршка на големите американски транснационални компании.
Џо Бајден веќе пристапи кон формирање на неговиот тим на соработници. Но пред Бајден и неговиот тим стои тешка задача, внатрешно помирување и обединување на САД, без кое што е невозможно водење на успешна надворешна политика. Според американските аналитичари, на клучните места во претседателската администрација кои што се важни за надворешната и одбранбената политика на САД, ќе седнат искусни жени. Местото Државен секретар најверојатно ќе го завземе Сузан Рајс, поранешна советничка за национална безбедност на претседателот Обама во периодот 2013-2017 година. Министер за одбрана најверојатно ќе биде Мишел Флорној, која што беше поранешен заменик-министер за одбрана за политички прашања во првата администрација на Барак Обама (2009-2012).
САД под водство на Бајден ќе се обидат да ја превземат лидерската позиција во борбата против КОВИД-19. Пред Бајден стои задачата да се обиде да изгради традиционална двопартиска коалиција за да го обнови и унапреди водството на Америка во светот. Републиканците ќе бараат поостар пристап отколку што видоа од администрацијата на Обама за одредени прашања, особено за НР Кина, а демократите ќе ги поддржуваат сите чекори на Бајден. Новоизбраниот претседател Бајден и неговиот тим, во секој случај, ќе завземат многу поорганизиран, структуриран, тврд пристап кон Русија, НР Кина, Иран, Северна Кореја и предизвиците од авторитарните владетели кои сакаат да го променат светскиот поредок и да ја урнат доминацијата на САД. Стратешки непријател на САД на долги стази е НР Кина, како и Русија. Следува систематска стратегија и притисок од страна на САД и нивните сојузници ширум светот во однос на Русија и НР Кина, преку изградба на нови и зацврстување на старите сојузи со цел блокада и задржување на Русија и НР Кина во близина на нивните граници. За блокадата на Русија битна е стратегијата „Три мориња“ од Балтикот до Црното море, во која што главната улога ја играат Полска, Балтичките држави, Романија и Бугарија. За блокадата на НР Кина од животно значење е формирањето на сојузот во кој ќе влезат Австралија, САД, Јапонија и Индија, која што треба да биде клучен фактор и држава за блокадата на НР Кина. Аналитичарите прогнозираат дека под водство на Бајден и неговиот тим за надворешна политика, САД ќе бидат поактивни отколку во последните 12 години. Но како резултат на тоа што републиканците имаат мнозинство Сенатот, ќе биде исклучително тешко да поминат некои од политиките и решенијата на Бајден на надворешен план.
Бајден и неговата администрација ќе се обидат да ги обноват сите договори и сојузи од кои што Трамп се откажа во последните 4 години, пред се договорот за Транс-тихоокеанско партнерство, Нуклеарниот договор со Иран, продолжување на преговорите за Транс-атланското трговско и инвестициско партнерство, враќањето на САД во Светската Здравствена Организација, договорот за Климатски промени. Бајден и неговата администрација ќе имаат сериозен предизвик со демократијата и владеењето на правото во дел од дел од земјите од Источното партнерство, како и земји членки на НАТО и ЕУ, како што се Полска, Унгарија, Бугарија, Романија, Албанија.
Но САД сами не можат да се справат со глобалните проблеми, почнувајќи од пандемијата на КОВИД-19 во светски рамки, глобалната рецесија, новата студена војна и судир со НР Кина и Русија, и САД и Бајден ќе имаат потреба од сеопфатна подршка и помош од сојузниците и партнерите на САД ширум светот. Пред САД е долг и неизвесен период во обид за враќање на глобалното лидерство, како и вербата во силата и моќта на САД ширум светот.

Пишува: Дарко Тодоровски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Илијев на средба со луѓе кои дале придонес во развојот на Кочани

Средба со луѓе кои дале придонес во развојот на Кочани, на која разменивме мислења за реализираните проекти во изминативе четири години и идеи за...
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ со лажна анкета во Штип за водство на Иван Јорданов

ВМРО-ДПМНЕ со лажна анкета во Штип за водство на Иван Јорданов. Анкета направена во "Microsoft Excel" и претставено лажно истражување се шири на социјалните мрежи...

Анастасов – Ладич: Завршено е поплочувањето на седум улици во Маричанска населба

✅ Завршено е поплочувањето на седум улици во Маричанска населба со вкупна должина над 600 метри. ➡️ Општина Пробиштип за овој проект распиша јавна набавка...

Свети Николе добива нова противпожарна станица (ФОТО)

Во полн ек се одвиваат градежните активности околу изградбата на новата противпожарна станица во нашето Свети Николе. Нашата општина за прв пат добива нова, модерна...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Content is protected !!