6.8 C
Skopje
четврток, октомври 21, 2021

Десет илјади вакцини на „Астра-Зенека“, донација од Хрватска ќе стигнат, денеска во земјава, а наредната недела се очекуваат и 10 000 од руските „Спутник“

Десет илјади вакцини на „Астра-Зенека“, донација од Хрватска ќе стигнат, денеска во земјава, а наредната недела се очекуваат и 10 000 од руските „Спутник“. На пунктовите се аплицираат вакцини од „Фајзер“ и кинеските „Синовак“ и „Синофарм“. Досега вакцина примиле речиси 335 илјади граѓани, а 223 илјади се целосно имунизирани односно со две дози.

Во претходното деноноќие беа регистрирани пет новозаразени со коронавирус од 2531 тестирање, 86 оздравени и еден починат – 76-годишен пациент од Виница.

Скопје има најмногу активни случаи (60), а двоцифрен број имаат и Тетово (14), Кичево (13), Охрид (11) и Куманово (10). Во 17 градови нема активни случаи на ковид-19 во вчерашната статистика.

Министерот за здравство, Венко Филипче вчера изјави дека продолжува трендот од минатата недела на опаѓање на бројките на новодијагностицирани, но дека надлежните се многу внимателни во однос на следењето на состојбата со коронавирусот, пред сè, со индискиот сој кој се појави во повеќе земји. Ширењето на вирусот може да се спречи, рече Филипче, ако нема групирање и со свесност на граѓаните за почитување на мерките препорачани од Комисијата за заштита од заразни болести.

Рече дека сè уште нема дозвола за работа на затворените дискотеки и, веројатно, нема ни да има во текот на летото зашто е доволно во овој период тие да работат на отворено, со што ќе се избегне дополнително групирање.

Покрај почитување на мерките, важно е и вакцинирањето како единствениот начин да се победи пандемијата. Министерот апелираше дека со вакцините ќе се заштитиме и ќе амортизираме евентуален нов бран наесен.

– Прашање на време е кога индискиот сој на вирусот ќе стане доминантен во Европа, затоа е важно што поголем број граѓани да се вакцинираат во овој период на стабилна епидемиолошка состојба. Вакцини има во доволна количина и сите се безбедни и ефикасни. Последните информации кои пристигнуваат од Европската агенција за лекови се дека вакцините се ефикасни и за новите соеви што ни влева многу надеж, напиша Филипче на Фејсбук.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ладич кон своите сограѓани од Пробиштип: На крајот, Вие одлучувате, а Вие никогаш не грешите!

Почитувани сограѓани, Вие сте мојот тим и мојот мотив. Вие докажавте дека Пробиштип е исклучителен град. Како и секогаш Вие точно знаете да препознаете „што е...
- Advertisement -

Николов: Штип нека биде пример за фер и демократски избори

Штип нека биде пример за фер и демократски избори ! Нека биде фер и демократски денешниов ден! Гласањето е граѓанска должност на сите полнолетни граѓани...

СКАНДАЛ: Прекршен изборниот молк во Штип – од страна на носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ

Носителот на листата на ДПМНЕ во Штип прекршува изборен молк, рекламите на неговиот профил се сеуште активни. Вака ли сакате да водите држава бе...

На последниот ТВ дуел, Сашко Николов му го зададе крајниот удар на Иван Јорданов

На последниот ТВ дуел меѓу Сашко Николов и Иван Јорданов, до израз дојде целата слика за двајцата кандидати. Слободно може да се каже дека...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Content is protected !!