25.8 C
Skopje
понеделник, септември 27, 2021

Дел од граѓаните на социјалните мрежи, претежно антиваксери, реагираат дека најавата за рестрикции за невакцинираните е дискриминаторска

По најавата на министерот за здравство Венко Филипче, дека се разгледува опцијата од есен, на невакцинираните лица да им биде забранет пристап на масовни собири, дел од граѓаните на социјалните мрежи, претежно антиваксери, почнаа да реагираат дека таквиот потег би бил дискриминаторски. Тие оценуваат дека на овој начин се прави обид доброволната вакцинација да стане задолжителна.

Дел од здравствените експерти се децидни дека луѓето треба да се мотивираат да се вакцинираат пред сè од здравствени причини. Инфектологот доктор Фадил Цана од Инфективната клиника, кој прв го детектираше коронавирусот во Македонија, вели дека луѓето треба да се стимулираат за да се вакцинираат, но мора да се избере најдобрата кампања.

– Мора да се внимава да не се создаде револт кај населението. Најважно е сите да разберат дека вакцината треба да ја примат затоа што е добра за нив и затоа што ќе ги заштити од коронавирусот, а не за да уживаат во благодатите на социјалниот живот, како посета на киносали, стадиони, кафулиња итн. Од друга страна, во градските средини и досега беше голем интересот за вакцинирање, помалку интерес покажуваат луѓето од руралните средини, кои и онака, да бидеме реални, ретко кога одат во кино или на стадион да гледаат натпревар. Затоа, треба да се размисли убаво пред да се помисли воопшто на носење на една вака строга мерка – објаснува доктор Цана.

Тој вели дека вакцината не може да биде задолжителна од причина што е пуштена како за итна употреба, поради што не ги поминала сите лабораториски испитувања за да може да се воведе како задолжителна, но морало да се пушти во употреба што побрзо, за општо добро на човештвото.

– Во светот почна да се воведува задолжително вакцинирање на медицинскиот персонал и на тие што работат во старските домови. Најнов пример за тоа е претседателот на Франција Емануел Макрон, кој најави дека сите медицински лица задолжително ќе примат вакцина против коронавирус. Но, во никој случај не смеат да се воведуваат дискриминаторски пораки, ништо што се судира со основните човекови права. Сметам дека вакцината е единствениот излез од пандемијата, но треба населението да се сензибилизира со поразлична кампања од оваа што ја најави министерот Филипче – смета доктор Фадил Цана.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Илијев на средба со луѓе кои дале придонес во развојот на Кочани

Средба со луѓе кои дале придонес во развојот на Кочани, на која разменивме мислења за реализираните проекти во изминативе четири години и идеи за...
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ со лажна анкета во Штип за водство на Иван Јорданов

ВМРО-ДПМНЕ со лажна анкета во Штип за водство на Иван Јорданов. Анкета направена во "Microsoft Excel" и претставено лажно истражување се шири на социјалните мрежи...

Анастасов – Ладич: Завршено е поплочувањето на седум улици во Маричанска населба

✅ Завршено е поплочувањето на седум улици во Маричанска населба со вкупна должина над 600 метри. ➡️ Општина Пробиштип за овој проект распиша јавна набавка...

Свети Николе добива нова противпожарна станица (ФОТО)

Во полн ек се одвиваат градежните активности околу изградбата на новата противпожарна станица во нашето Свети Николе. Нашата општина за прв пат добива нова, модерна...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Content is protected !!