6.8 C
Skopje
четврток, октомври 21, 2021

ДОЦНА ВЕЧЕРВА: Што значи последниот статус на Венко Филипче, кој не е негов, туку го сподели од друг

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил за прв пат сподели туѓ статус. Станува збор за статус на Горан Гунгуловски.

Најголемите водилки во животот ми се здравиот научен скептицизам и човечкото право за лична и индивидуална слобода.

Здрав скептицизам во комбинација со знаење се користи за да се одреди која е веројатноста едно тврдење или опсервација да биде вистинита (или најблиску до вистината) или е дезинформација или артефакт. Засега како научен механизам којшто ја утврдува веројатноста за нешто да биде вистинито е научниот консензус, односно мислењето на мнозинството експерти на одредена тема. За вакцините за КОВИД-19, за глобалното затоплување, за еволуцијата, има силен научен консензус.
Науката поткрепена со научниот консензус ни ги продолжи животите за 30-40 години. Науката со научниот консензус не однесе во Вселената. Науката со научниот консенсус ни го направи животот на нас и на нашите блиски поудобен. Во време на криза, науката и научниот консенсус треба да ни бидат единствените водилки. Науката засега е најголемата придобивка на цивилизацијата. Науката вели дека е најдобро и најбезболно да се ВАКЦИНИРАМЕ.

Индивидуалната слобода е највредното нешто што една личност го има [п.с многу мразам кога влади или други луѓе се мешаат во личните слободи што не ги тангираат нити повредуваат останатите]. Правото за слободен говор, слободно движење, слободна љубопитност, слободна љубов. Се додека таа слобода не го загрозува правото на живот на останатите во заедницата. Тогаш животот зазема преседан.

Во време кога знаеме дека вакцината драстично ја намалува веројатноста да се заразиме, а со тоа и веројатноста индиректно да заразиме други луѓе без да знаеме, најморалниот и најодговорниот акт е јасен. ВАКЦИНАЦИЈА.

Имате право да не се вакцинирате и со тоа самите да ризикувате инфекција и болест. Но немате право да не се вакцинирате и да го загрозувате правото на живот и правото на нестрадање на други луѓе.

Има избор, а изборот е:

1. Вакцинација и следење на сите препораки и казни за неследење на препораките за вакцинирани луѓе. Истото важи за прележаните.

2. Невакцинација и прифаќање на сите препораки и казни за неследење на препораките за невакцинирани луѓе.

3. Невакцинација и иселување од цивилизацијата [или друг тип на немешање со луѓе].

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ладич кон своите сограѓани од Пробиштип: На крајот, Вие одлучувате, а Вие никогаш не грешите!

Почитувани сограѓани, Вие сте мојот тим и мојот мотив. Вие докажавте дека Пробиштип е исклучителен град. Како и секогаш Вие точно знаете да препознаете „што е...
- Advertisement -

Николов: Штип нека биде пример за фер и демократски избори

Штип нека биде пример за фер и демократски избори ! Нека биде фер и демократски денешниов ден! Гласањето е граѓанска должност на сите полнолетни граѓани...

СКАНДАЛ: Прекршен изборниот молк во Штип – од страна на носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ

Носителот на листата на ДПМНЕ во Штип прекршува изборен молк, рекламите на неговиот профил се сеуште активни. Вака ли сакате да водите држава бе...

На последниот ТВ дуел, Сашко Николов му го зададе крајниот удар на Иван Јорданов

На последниот ТВ дуел меѓу Сашко Николов и Иван Јорданов, до израз дојде целата слика за двајцата кандидати. Слободно може да се каже дека...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Content is protected !!